Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Милан купи стопер, Вела повторно на радарот на Барса, Монако тргнува по Адеми

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Милан купи стопер, Вела повторно на радарот на Барса, Монако тргнува по Адеми

И денес со Спортски бидете во тек со се што се случува на трансфер пазарот.

Утрово пристигнаа лоши вести за Јувентус. Стоперот Мерих Демирал како и Заниоло заработил тешка повреда на лигаментите и за него сезоната е завршена. Ова и поради ситуацијата со Киелини веројатно значи дека Јувентус ќе се обиде да доведе стопер во овој преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Официјално: Симон Кјаер е нов играч на Милан! (тука)

Челзи ја доби трката за 16 годишниот Норвежанец Брајан Фијабеми, тој стави потпис на 3,5 годишен договор со „сините“. Најпрво ќе игра за младинскиот тим на „сините“. За каков играч станува збор погледнете – тука.

Лемар е на излезни врати од Атлетико Мадрид, претходно овој играч се поврзуваше со Челзи и Арсенал, а сега островските медиуми пренесуваат дека тимот на Вулвс изненадувачки е фаворит да го доведе. Цената на Лемар е околу 60 милиони евра. (тука)

Барселона поради повредата на Суарез го обновила интересот за Карлос Вела. Според информациите Каталонците ги започнале преговорите со Мексиканецот. (тука)

После преговорите кои траеа неколку недели дефанзивецот Алмир Рахмани се договори со Наполи. Наполи на Верона ќе и плати 14 милиони евра и ќе го остави Рахмани до крајот на сезоната на позајмица.

Интер веќе подолго време се поврзува со Ешли Јанг и фудбалерот наводно сака во Милано. Сега се појави вест дека Лацио се вклучил во трката за искусниот играч.

Постоеше можност Кансело да се врати во Валенсија, но Португалецот е прескап за шпанскиот клуб. Валенсија сега се насочи кон фудбалерот на Бордо Јусуф Сабали.

Како и Јувентус за Демирал и Рома ќе бара замена за Заниоло. Италијанците пишуваат дека клубот од Рим ги забрзал преговорите со Интер за Матеа Политано. Политано претходно се поврзуваше и со Милан.

Повеќе нема дилеми околу Жан Клер Тодибо. Стоперот на Барселона ги минува прегледите во Шалке после што ќе стави потпис на договор со германскиот тим.

После трансферот на Кјаер, Милан би можел во текот на денот да го потврди и доаѓањето на Асмир Беговиќ. Од друга страна истото би требало да го направи Милан со Пепе Реина.

Ислам Слимани и Кристијан Бентеке остануваа фаворити за засилување во нападот на Астон Вила.

Она што се најави пред неколку дена сега е блиску до реализација – Чичарито е пред потпис со Лос Анџелес Галакси!

Интер веќе подолго време се поврзува со Кристијан Ериксен. Сега „Мирор“ пишува дека Италијанците се обидуваат во зделката да го вклучат Матија Весино.

„Талкспорт“ тврди дека Жадсон Фернандес од Бенфика денес се очекува да пристигне во тренинг центарот на Тотенхем. За играчот на Бенфика интерес покажуваа Манчестер Јунајтед, Арсенал и Вест Хем.

“Го одбрав Дортмунд затоа што имав чувство дека ќе бидам подобар тука. Ова е огромен клуб. Отсекогаш ми се допаѓал“, Ерлинг Халанд објасни зошто ја избрал Борусија Дортмунд за клуб во кој сака да ја продолжи кариерата.

Бомба: Монако тргнува по Адеми! (тука)

Бруно Фернандеш се поблиску до Манчестер Јунајтед!

Кјаер и Ибрахимовиќ од денес се соиграчи во Милан, а еве како изгледаше еден нивни дуел од пред неколку години.

Еве и изјава на Жозе Мурињо за Бруно Фернандеш: “Очекувам вести, кога кажувам дека очекува тоа значи дека вести можат да стигнат, но и дека можеби нема да стигнат“, гласеше одговорот на Мурињо за Фернандеш.

Натаниел Филипс пред неколку дена се врати во Ливерпул од позајмица, но не се задржа долго. Филипс беше на клупата против Шефилд и Тотенхем, а сега повторно е испратен на нова позајмица и повторно во Штутугарт.

Флорентино Перез потврди: Нема да има трансфери во овој преоден рок.

Милан ќе го продаде Пјонтек, но под два услови. (тука)

Жером Боатенг се најде на на мета на Милан и Арсенал. Милан е во потрага по искусен дефанзивец во зимскиот преоден рок, особено откако Калдара беше испратен на позајмица во Аталанта. Баерн за него бара пет милиони евра. (тука)

„Радио Каталонија“ ексклузивно пренесува дека бордот на директор донел конечна одлука за смена на Ернесто Валверде на клупата на Барселона.

Договорот на Курзава со Пари Сент Жермен истекува на крајот на сезоната и „нероаѕурите“ му понуди да потпише со нив како слободен агент на лето. Меѓутоа, Курзава ја одбил понудата на Интер бидејќи преферира преселба во клуб од Премиер лигата и очекува понуди од Островот. (тука)

Наполи преговара и не се откажува од можноста да го ангажира Јан Вертонген во овој преоден рок.

Италијанските медиуми откриваат детали за Симон Кјаер. Платата во наредните шест месеци ќе му биде 500.000 евра, а ако го продолжи договорот ќе отиде на 1.2 милион евра. Милан ќе плати оштета помеѓу два и три милиони евра.

Динамо на Олмо му нуди договор каков што немал никој на Балкано! (тука)

Сусо е фаворит за замена на Заниоло од Милан. Рома веќе остварила контакт! (тука)

Дел од медиумите на Островот пренесуваат дека Арсенал му предложил замена на Атлетико Лемар – Лаказет.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…