Германскиот дефанзивец Жером Боатенг веќе подолго време е на излезна врата од Баерн Минхен, а трансферот конечно би требало да се реализира во јануари.
За Боатенг веќе одамна нема место во првиот тим на Баерн и прашање е на време кога ќе си замине.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германецот се поврзуваше со трансфер во Арсенал, а сега италијанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент започнал преговори со Милан.
Милан е во потрага по искусен дефанзивец во зимскиот преоден рок, особено откако Калдара беше испратен на позајмица во Аталанта.
Баерн за слободата на Боатенг бара 5 милиони евра, па останува да видиме дали ќе се пресели во Милано или Лондон.