Дома Фудбал Англија Томас Лемар прави неочекуван трансфер во ПЛ

Томас Лемар прави неочекуван трансфер во ПЛ

Францускиот фудбалер Томас Лемар е на излезната врата на Атлетико Мадрид.

Овој 24-годишен фудбалер пристигна во Атлетико летото 2018 година за 70 милиони евра, но не ги исполни очекувањата. Лемар не се вклопи најдобро во составот на Диего Симеоне и јасно е дека не ги прикажува игрите како претходно во Монако.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе некое време на големо се шпекулира дека францускиот репрезентативец ќе го напушти Атлетико и својата кариера ќе ја продолжи во Англија. Лемар се поврзува со Арсенал и Челси, но неговиот нов клуб би можел да биде сосема неочекуван избор.

Островските медиуми утрово јавуваат дека Лемар е во сериозни разговори со Волвс и е подготвен да потпише за клубот. The Sun пренесува дека останува клубовите да се договорат за трансфер, односно дали Лемар ќе дојде на позајмица до крајот на сезоната.

Атлетико е спремен веднаш да го продаде Французинот, но за него бара 60 милиони евра, што тешко дека некој ќе ги плати во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…