Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез поради повреда ќе биде надвор од терените до април, потврдија вчера од каталонскиот клуб.
Имено, поради операција на менискусот, Барселона соопшти дека Суарез ќе биде надвор од терените цели четири месеци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тоа значи дека сезоната за Уругваецот е практично завршена, па Каталонците ќе мора да интервенираат на трансфер пазарот и да донесат нов напаѓач.
Иако Суарез е практично невозможно да се замени бидејќи оваа сезона има 14 гола и 11 асистенции на 23 меча, сепак медиумите пренесуваат дека Барселона експресно му нашла замена на Уругваецот.
Каталонските медиуми пренесуваат дека станува збор за Карлос Вела, најдобриот стрелец во американската МЛС лига.
Мексиканецот цели шест години го носеше дресот на Реал Сосиедад, па нема да има проблем да се адаптира во Примера, а Барселона веднаш започнала преговори со неговиот агент.
Carlos Vela tiene una cuota goleadora realmente impresionante, sumó 38 goles en 36 partidoshttps://t.co/26xio8PZ08
— Sopitas (@sopitas) January 12, 2020