Реномираниот „Еуроспорт“ најавува за нас бомба на трансфер пазарот – Монако тргнува по Арјан Адеми!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Адеми во претходните денови се поврзуваше со Бетис, меѓутоа Динамо Загреб ја одби понудата. Преговорите пропаднаа затоа што Динамо бараше 10 милиони евра, додека Бетис нудеше најмногу 6.5.
Сега според информациите Монако е посериозен во намерата и клубот од Кнежеството веројатно не би имал проблем да ги исполни финансиките барања на Хрватите.

Инаку, Адеми сезонава е еден од најважните играчи на Динамо кој беше блиску до пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, но сепак не успеа да се пласира.