Дома Топ вести Трансфери во живо: Клоп бара замена за Кутињо, Обамејанг сака во Милан

Трансфери во живо: Клоп бара замена за Кутињо, Обамејанг сака во Милан

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

Пјер Емерик Обамејанг не ја крие желбата да се врати во Милан. Напаѓачот јасно порача дека е спремен да се врати на „Сан Сиро“ и дека чека конкрентни чекори од „росонерите“ (ОВДЕ)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Убаво е да ве потсетиме кои се најголемите инвестиции на Жозе Мурињо. „Специјалниот“ ова лето ја надмина сумата од 1 милијарда евра потрошени на нови фудбалери (ОВДЕ).

Јирген Клоп веќе бара замена за Филипе Кутињо кој е на чекор од трансфер во Барселона. „Мирор“ пренесува дека прва желба на германскиот стратег е Лоренцо Инсиње од Наполи.

– Манчестер Јунајтед ја одби првата понуда на Тотенхем за Ентони Марсијал. Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат напаѓачот, но само за сума од 60 милиони фунти.

Осман Дембеле заработи суспензија од страна на Борусија Дортмуд. Французинот инсистира да се пресели во Барселона ова лето (ОВДЕ).

– Челзи не се откажува од намерата да го донесе Дени Дринквотер и наскоро ќе испрати понуда до Лестер тешка 27 милиони евра.

– Њукасл сака да го довесе Џек Вилшер од Арсенал. Играчот за врска не е во плановите на Венгер, па Бенитез сака да ја искористи таквата ситуација.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека пропаднал трансферот на Хесе Родригез во Фиорентина. Шпанецот преферира преселба во Премиер лигата.

Никола Калиниќ е приоритет на Евертон и „карамелите“ се спремни да платат 30 милиони евра, но напаѓачот на Фиорентина преферира преселба во Милан.

– Тотенхем не се откажува од намерата да го донесе Рос Баркли од Евертон. Англискиот репрезентативец е примарна цел на „спарси“, па наскоро ќе испратат нова понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Статистиката и традицијата велат: Синер е идниот број еден!

Јаник Синер имаше почеток од соништата во оваа 2024 година. Го освои првиот Грен слем сезо…