Дома Фудбал Германија Официјално: Дембеле заработи суспензија

Официјално: Дембеле заработи суспензија

Борусија Дортмунд официјално го суспендираше младиот Осман Дембеле.

Борусија одлучи да го казни Дембеле поради незаодовлството што клубот не го пушти да замине во Барселона. Иако изминатото лето клубот му вети на Дембеле дека ќе го пушти ако пристигне добра понуда, не сакаат да го препуштат на Каталонците.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


18-годишниот фудбалер се пожали, а Борусија одлучи да го суспендира додека ситуацијата не добие свој епилог.

„Нашиот фокус сега е играчите да ги подготвиме за првиот меч во Бундеслигата со Волфзбург, и потребно е сите играчи да бидат концентрирани на нашиот тим. Дембеле, секако може да тренира самостојно“, истакна директорот на клубот, Зорц.

Со оглед на суспензијата, тоа би можело да значи дека клубот е помирен дека ќе го загуби Дембеле, а на овој начин германскиот клуб сака да добие време, односно да заработи повеќе пари.

Дембеле веќе претходно ги договори сите услови со Барселона, која за него подготви петгодишен договор и 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…