Дома Топ вести Обамејанг призна: Сакам да се вратам во Милан, но…

Обамејанг призна: Сакам да се вратам во Милан, но…

Не е тајна дека Пјер Емерик Обамејанг е трансфер цел на Милан и „росонерите“ цело лето се обидуваат да го донесат на „Сан Сиро“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите тврдеа дека напаѓачот веќе има договор со миланскиот гигант, но проблем е што Милан не може да најде заеднички јазик со Борусија Дортмунд.

Обамејанг вчера јавно призна дека би сакал да се врати во Милан, клубот каде што поникна, но тоа не зависи од него.

„Би сакал да се вратам во Милан, но ако тие спијат, што би можел јас да направам“, отворено призна Обамејанг.

Проблем е што Борусија Дортмунд не сака да го пушти напаѓачот за сума помала од 80 милиони евра, додека „росонерите“ не се спремни да понудат повеќе од 65 милиони евра.

Останува да видиме како ќе се развива ситуацијата во следните денови, а како алтернатива за Милан е напаѓачот на Фиорентина, Никола Калиниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…