Дома Фудбал Англија Десетте најскапи играчи: Мурињо избива на лидерската позиција, една милијарда фунти за место пред Гвардиола и Анчелоти

Десетте најскапи играчи: Мурињо избива на лидерската позиција, една милијарда фунти за место пред Гвардиола и Анчелоти

Со пристигнувањето на Виктор Линделоф, Ромелу Лукаку и Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед, португалскиот стратег, Жозе Мурињо стана првиот тренер во историјата кој ја преминал магичната граница и на засилувања потрошил преку милијарда фунти.

Англиски „The Sun“ пресметка дека во текот на 17-годишната тренерска кариера потрошил 1,1 милијарда фунти и со тоа зад себе ги остави Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако некогашниот тренер на Барселона и Баерн, беше најактивен со потрошени 200 милиони фунти ова лето, Мурињо со 146 изби на првата позиција на најголеми потрошувачи.

Гвардиола потрошил 859 милиони, но разликата е во тоа што Мурињо на газдите на екипите тие пари ги земал во текот на 17 години, додека Гвардиола тоа го направи во девет.

Најголемото и најскапото засилување на Мурињо е Пол Погба. Изминатата година за 89 милиони фунти пристигна од Јувентус во Манчестер Јунајтед.

Вака изгледа и конечната листа на десетте најскапи Мурињови засилувања:

Пол Погба – 89 милиони фунти
Ромелу Лукаку – 75 милиони
Немања Матиќ – 40 милиони
Диего Коста – 35 милиони
Лука Модриќ – 33 милиони
Виктор Линделоф – 31 милиони
Вилиан – 30 милиони
Цеск Фабрегас – 30 милиони
Ерик Бејли – 30 милиони
Андри Шевченко – 30 милиони

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…