Дома Кошарка ПАОК го обезбеди бекот што блесна со 42 поени, но ќе почека на неговото доаѓање

ПАОК го обезбеди бекот што блесна со 42 поени, но ќе почека на неговото доаѓање

Партијата од 42 поени против Орадеа го сврте вниманието кон Лиланд Вокер, а ПАОК веќе го обезбеди неговиот ангажман. Сепак, 23-годишниот американски плејмејкер нема веднаш да му се приклучи на грчкиот учесник во Еврокупот.

Вокер, кој е висок 185 сантиметри, ќе продолжи да игра како позајмен кошаркар во Салон Вилпас сè додека финскиот клуб настапува во кошаркарската Лига на шампиони. Во случај на елиминација, постои можност ПАОК да го испрати на нова позајмица во друг тим од истото натпреварување, за да продолжи да собира европско искуство.

Вилпас моментално е последен во групата со АЕК, Антверпен и Сомбатхеј, со два пораза во првите два натпревари.

Индивидуалните бројки на Вокер, пак, се меѓу најдобрите во натпреварувањето. Во регуларниот дел од сезоната бележи просек од 24,5 поени и 7,5 асистенции, што го става на четвртото место во двете статистички категории. На тоа додава и 3,5 скока по натпревар.

Неговиот највпечатлив настап дојде во квалификациите, кога постигна 42 поени во победата над Орадеа со 98-96. Во досегашниот тек од регуларната сезона шутира со 44,1 отсто реализација за два поена и 25 отсто за три.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ го симна Вестбрук од врвот: Историски рекорд по луд пресврт на Денвер!

Никола Јокиќ стигна до 222 трипл-дабла во регуларниот дел и плејофот заедно, а Денвер надо…