Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Иско се сели во Лондон, Барса и Јуве спремаат трампа

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Иско се сели во Лондон, Барса и Јуве спремаат трампа

Зимскиот преоден рок влегува во завршницата, па така за некои зделки за кои се пишува од самиот почеток доаѓаат до самиот крај. Со Спортски следете се што се случува на трансфер пазарот.

-Интер ги договара последните детали со Тотенхем за трансферот на Кристиан Ериксен. Денес би требало да стигне потврда за трансферот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Барселона и Јувентус работат на спектакуларна трампа според која Ракитиќ ќе се пресели во Торино (тука).

-Челзи испрати понуда од 55 милиони евра за потписот на Иско. Играчот сака да ја промени средината, се чека одговор од Реал (тука).

-Арсенал стапи во контакт со агентот на Упамекано. Дефанзивецот на Лајпциг е отворен за преселба во Лондон, па „топџиите“ наскоро би можеле да испратат понуда од 50 милиони евра.

– Милан е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Јувентус, Емре Чан (тука).

– Валенсија и Рома во трка за ѕвездата на Милан, Сусо. „Росонерите“ за неговиот потпис бараат најмалку 25 милиони евра.

-Наполи постигна договор со Верона за трансфер на Амир Рахмани. Наполитанците за неговиот потпис ќе платат 15,5 милиони евра.

– Арсенал постигна комплетен договор со левиот бек  на ПСЖ, Курзава чиј договор истекува на крајот на сезоната (тука).

-Интер е спремен да го продаде Валентино Лазаро, кој не се снајде најдобро на „Џузепе Меаца“. Њукасл спрема понуда од 20 милиони евра за Австриецот.

– Во секој момент се очекува да биде потврден трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед. Португалецот се очекува утре да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи.

-Трансферот на Дани Олмо во Милан пред пропаѓање. Причина за тоа е што агентите побарале провизија од „росонерите“ во висина од 7 милиони евра.

-Откако пропадна трампата помеѓу Интер и Рома, Политано може да заврши во Наполи.(тука)

-Проблеми во преговорите помеѓу Спортинг Лисабон и Манчестер Јунајтед за Бруно Фернандеш – трансферот пред пропаѓање.(тука)

-Манчестер Јунајтед и Челзи се борат за потписот на играчот на Лил, Бубакари Сумаре кого го нарекуваат уште „новиот Погба“ (тука)

-ПСЖ спреми богата понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали (тука).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…