Според медиумите од Островот, Левин Курзава од ПСЖ треба да биде првото засилување на Артета.
Киран Тирни е надвор од теренот уште три месеци, додека Колашинац често има некои ситни повреди и Артета смета дека му е потребен уште еден лев бек.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
27-годишниот Курзава ќе биде слободен агент на крајот на сезоната и сега има право да преговара со заинтересираните клубови. Француските медиуми тврдат дека постигнал комплетен договор со „топџиите“.
Сега останува да се види дали клубовите ќе се договорат за Курзава веднаш да се пресели на „Емирати“ или ќе пристигне во јуни како слободен агент.
?According to France Football information Kurzawa will join Arsenal in June on a free. Player is in advanced negotiations with agreed and both parties close to agreeing a 5 year deal for Kurzawa to join Arsenal in June https://t.co/0gsJ4qEmy6
— Osman (@OsmanZtheGooner) January 17, 2020