Иако се чинеше дека трансферот на Бруно Фернандеш од Спортин Лисабон во Манчестер Јунајтед е пред реализација, сепак се појавија неочекувани проблеми кои ја кочат зделката.
Имено, двата клуба не можат да се договорат за износот на трансферот. Португалскиот клуб бара 80 милиони евра за 25-годишниот фудбалер, но од „Олд Трафорд“ одбиваат да ја платат сумата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преговорите за играчот се уште се во тек, но веројатноста да не се стигне до трансфер се зголемува. Фернандеш веќе ги договори личните услови со „црвените ѓаволи“, очекувајќи тој да биде на трибините на „Енфилд“ за утрешниот дуел меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.
Јунајтед не ја исклучи можноста за алтернатива на Фернандеш, но засега тој е нивна примарна трансфер цел. „Црвените ѓаволи“ сакаат да го засилат средниот ред во зимскиот преоден рок, но се спремни да платат најмногу 65 милиои евра.
Останува да видиме дали во наредните денови двата клуба конечно ќе најдат заеднички јазик за трансферот.