Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Игуаин се договори – се спремно, Модриќ сон на Интер, Мадрид демантира, Барса тргнува по Погба

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Игуаин се договори – се спремно, Модриќ сон на Интер, Мадрид демантира, Барса тргнува по Погба

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

ТУКА може да се потсетите што се случуваше вчера на трансфер пазарот ширум Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Денес како „бомба“ одекна веста на „Скај Италија“ дека Интер е силно заинтересиран за Лука Модриќ и веќе започнал преговори за трансфер на Хрватот во Милано (ОВДЕ).

– Иако се чинеше дека се е спремно да официјализација на големата трампа помеѓу Јувентус и Милан, сепак Игуаин со нови барања го закочи трансферот. Преговорите продолжуваат денес.

– Официјално: Евертон го потврди трансферот на Лукас Дињ од Барселона. Французинот потпиша 5-годишен договор со „карамелите“ (ОВДЕ).

– Англиските медиуми пренесуваат дека Смолинг после осум години најверојато ова лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед (ОВДЕ).

– БОМБА од Островот: Манчестер Јунајтед размислува да ја прекине соработката со Мурињо. Како главен кандидат за негов наследник е Зинедин Зидан. (ОВДЕ)

Шиме Врсаљко денес ги обавува медицинските прегледи во Интер и во текот на денот треба и официјално да стави потпис на договорот.

– Од Мадрид веднаш стигна демант. „Марка“ пренесува дека не постои никаква шанса Модриќ да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Интер.

– Барселона започна тајни преговори со Пол Погба. Новиот спортски директор Абидал имал средба со Погба во САД на која разговарале за евентуален трансфер на „Камп Ноу“ (ОВДЕ).

– Се помалку има надеж дека Челзи ќе ги добие посакуваните засилувања. До крајот на предониот рок во Англија остануваат уште 9 дена, а трансфер пазарот на „Стенфорд Бриџ“ е блокиран (ОВДЕ).

Тибо Куртоа му постави ултиматум на Челзи. Доколку не го пуштат да замине, следното лето ќе го напушти клубот без обештетување (ОВДЕ).

– Официјално: Лацио ги потврди трансферите на Бадељ и Кореа. Двајцата потпишаа договори со римскиот клуб до 2022 година.

– Претседателот на Рома, Џејмс Палота даде зелено светло за ангажман на Стивен Нзонзи од Севиља. Двата клуба моментално преговараат и разликата е 5 милиони евра.

Врсаљко ги започна медицинските прегледи во Интер.

– Ромео Агрести и Ди Марцио објавија дека проблемите се минато и дека зделката помеѓу Јувентус и Милан (Калдара, Игуаин и Бонучи), наскоро ќе биде потврдена.

– ПРЕСВРТ: Иако се тврдеше дека работата е завршена, од Баерн испратија демант и тврдат дека не го сакаат Бенџамин Павар! (ОВДЕ)

Лукаш Моура многу брзо би можел да го напушти Тотенхем за неговите услуги интерес покажува шпански, Реал Бетис.

– Напаѓачот кој не доби многу прилика да се докаже во Арсенал, Лукас Перез е пред трансфер во Фиорентиа.

– Oстровските медиуми пишуваа за понуда од тимот на Челзи до Кристал Палас за услугите на, Вилфред Заха (ОВДЕ)

Првиот оперативец на Јувентус, Џузепе Марота се сретна со агентот на Леонардо Бонучи со цел да бидат дефинирани деталите од зделката. Очекувањата се Бонучи во Јувентус да добива плата од 5.5 милиони евра по сезона.

СЕ Е ЗАВРШЕНО: Договор постигнат од сите страни, комплетирана големата размена помеѓу Јувентус и Милан (Бонучи, Калдара, Игуаин)

– Челзи и Милан во трка за Бразилецот, Бернард. (ОВДЕ)

Алеш Видал од Барселона е пред враќање во Севиља (ОВДЕ)

– Коефиециентите за трансфер на Модриќ во Интер започнаа да паѓаат (ОВДЕ)

– КОЈ КОГА ПРИСТИГНУВА: Гонзало Игуаин уште вечерва ќе пристигне во Милано, додека Калдара и Бонучи кој се во САД со Милан и Јувентус, во Милано, односно Торино пристигнвуаат веќе утре. Бонучи тргнува во 15:00 часот по американско време, околу (21:00 часот).

– Еден од најпознатите светски ексклузивци, Танкреди Палмери најавува нова „бомба“! Јувентус после Бонучи тргнува по засилување во средниот ред, а фаворит за оваа позиција е – Сергеј Милинковиќ Савиќ. Како втора опција се наведува Пол Погба!

– „Ел Паис“: Реал Мадрид се распрашувал за достапноста на Мохамед Салах! 

– Meдицинските прегледи на Гонзало Игуаин се закажани за утре наутро во осум часот.

– OФИЦИЈАЛНО: Врсаљко нов фудбалер на Интер!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …