Дома Топ вести Челзи останува со празни раце, ќе го добие само „отпадокот“ од Арсенал

Челзи останува со празни раце, ќе го добие само „отпадокот“ од Арсенал

Се помалку има надеж дека Челзи ќе ги добие најавените засилувања.

Иако многу се шпекулираше за реконструкција на тимот, од тоа за сега нема ништо. Имено, изгледа дека пропаднаа преговорите со Јувентус околу Игуаин, Пјаниќ и Ругани, но исто така се најави заминување на некои играчи како Мората, Кејхил, Жиру, Бакајоко.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До крајот остана малку време, Куртоа изгледа дека ќе остане уште една сезона пред како слободен играч да се пресели во Реал, успеаа да го задржат Азар, како и, најверојатно Вилијан кој задоцни на почетокот на подготовките.

Нема многу опции, и понатаму се споменува Сергеј Милинковиќ Савиќ како најголемо засилување, но многу е поверојатно доаѓањето на поефтиниот Ремзи од Арсенал кој одби да го продолжи договорот со споменатиот клуб.

Потсетуваме, Сари со себе го доведе Жоргињо, но метите отпаднаа една по дтуга. Од Заха, до Марсијал, преку италијанскиот стопер, до Ковачиќ за кого Реал не сакаше да преговара. Може да направат нешто во последните седум дена од трансфер периодот, но ова е далеку од она што навивачите го очекуваа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…