Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт го избра Јуве, Кутињо се враќа „дома“

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт го избра Јуве, Кутињо се враќа „дома“

Нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации се до затворањето на трансфер пазарот.

– Вест на денот денес е Матијас де Лихт: Капитенот на Ајакс ги одби Барса и ПСЖ и се договори со Јувентус. Холанѓанецот е пред трансфер во италијанскиот шампион (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Милан го победи Баерн Минхен во трката за талентираниот дефанзивец од Штутгарт, Озан Кабак „Росонерите“ ќе ја платат откупната клаузула од 15 милиони евра, играчот се очекува во понеделник да пристигне во Милано (ОВДЕ).

– Интер ја победи конкуренцијата и го договори трансферот на Стефано Сенси од Сасуоло. Играчот доаѓа на едногодишна позајмица од 5 милиони евра, со право на откуп за додатни 25 милиони евра.

– Ѕвездата на Ајакс, Душан Тадиќ доби „понуда од соништата“ од еден кинеси клуб (ОВДЕ).

– БОМБА: Ливерпул се вклучи во трката за потписот на Кутињо. Бразилецот може да се врати на „Енфилд“ (ОВДЕ).

– ПРЕСВРТ: Давид де Геа ја промени одлуката и е спремен да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед (ОВДЕ).

– Официјално: Родриго Бентанкур стави потпис на нов договор и се обврза на верност со Јувентус до 2024 година.

– Реал Мадрид се откажа од трката за потписот на Нејмар. Во моментов Барселона е единствениот заинтересиран клуб.

– Навивачите на Барселона кажаа НЕ за враќањето на Нејмар на „Камп Ноу“. Во анкета на „Мундо Депортиво“ повеќе од 70% од навивачите негативно одговорија на неговото враќање (ОВДЕ).

– Тотенхем е спремен да го пушти Кристиан Ериксен во Реал, но само ако за возврат го добие Марко Асенсио. Од тоа нема ништо бидејќи Зидан има големи планови со Асенсио.

– Атлетико Мадрид испрати официјална понуда за десниот бек на Наполи, Хисај. Зделката би можела да се реализира во следните денови за 25 милиони евра.

– Главна трансфер цел на Милан останува Лукас Тореира од Арсенал. „Росонерите“ се спремни во следните денови да испратат официјална понуда од 40 милиони евра.

– Олимпик Марсеј е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Лудс за неговата слобода бара 5 милиони евра (ОВДЕ).

– Милан, Рома и Наполи водат голема битка за плејмејкерот на Фиорентина, Џордан Верето. „Виолетовите“ за неговата слобода бараат 25 милиони евра.

– Конте по секоја цена сака да го види Лукаку во својот тим, но Интер има потешкотии да го реализира трансферот поради високата цена од 80 милиони евра. „Нероаѕурите“ најпрво мораат да го продадат Икарди, па потоа да тргнат по Белгиецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…