Дома Топ вести Изненадување: Кутињо може да се врати во Ливерпул

Изненадување: Кутињо може да се врати во Ливерпул

Иднината на Филипе Кутињо ова лето е главна тема на трансфер пазарот, откако и самиот фудбалер призна дека не е сигурен дали ќе остане во Барселона.

Кутињо пристигна на „Камп Ноу“ како најскапо засилување во историјата на клубот, но не се снајде најдобро, па минатата сезона го загуби местото во првиот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не знам дали ќе продолжам во Барселона, никој не ја знае иднината, но сега сум само фокусиран на Копа Америка“, изјави Кутињо.

Интерес за него покрај ПСЖ покажуваат и премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Челзи, а последните информации се дека и Ливерпул се вклучил во трката за неговиот потпис.

Трансфер во Челзи изгледа нереален во овој момент бидејќи „сините“ имаат забрана за купување на нови фудбалери.

Вчера се појави вест дека Барселона ќе го искористи Кутињо како „кусур“ за трансферот на Нејмар, а на Бразилецот не му се допаѓа таа идеја.

Кутињо сака да се врати на Островот, а Ливерпул изгледа како идеална дестинација за него. Одлично го познава клубот и тоа добра шанса да се врати во старата форма, особено сега кога црвените имаат шанса и следната сезона да се борат за освојување на сите трофеи за кои се натпреваруваат.

https://youtu.be/2ViaLwKZoT0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …