Дома Топ вести Милан го купува најдобриот млад играч од Бундес лигата

Милан го купува најдобриот млад играч од Бундес лигата

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан е на чекор да го комплетира трансферот на Озан Кабак од Штутгард.

Станува збор за 19-годишен дефанзивец кој важи за еден од најперспективните во Европа. Потекнува од школата на Галатасарај, а на почетокот на годината направи трансфер во Штутгарт.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првите шест месеци во Германија веднаш го покажа својот талент, одигра одлично и беше избран за најдобар дебитант во Бундеслигата.

Кабак го привлече вниманието на многу европски гиганти, а главна битка за неговиот потпис водеа Баерн Минхен и Милан.

Двата клуба се спремни да ја платат неговата откупна клаузула од 15 милиони евра, но последните информации од Германија говорат дека турскиот репрезентативец се договорил со Милан, па Баерн се повлекол од трката.

Се очекува неговиот трансфер на „Сан Сиро“ да биде официјализиран во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …