Дома Топ вести Калчолигашите „намирисаа“ одличен голгетер за ниска цена: Два клуба од Серија А во трка за Несторовски!

Калчолигашите „намирисаа“ одличен голгетер за ниска цена: Два клуба од Серија А во трка за Несторовски!

nestorovski

Се поголем е интересот од клубовите во првата италијанска лига за македонскиот напаѓач од редовите на Палермо, Илија Несторовски.

Палермо минатата сезона не успеа да избори пласман помеѓу најдобрите во Италија, па поради тоа би можел да го загуби Несторовски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прво интерес за македонскиот напаѓач покажа тимот на Торино, а денес се појави информација дека и Удинезе ќе започне офанзива во последните седум дена од преодниот рок во Италија за потписот на Несторовски.

Неодамна првиот човек на Палермо истакна дека ќе ги разгледа понудите за Несторовски и после консултација со фудбалерот ќе ја изберат најдобрата. Сепак, Палермо тешко дека ќе ја добие сумата од 10 милиони евра бидејќи поради повредата, но и неуспехот на клубот да се врати во Серија А цената на Несторовски во овој момент е околу пет милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…