Дома Топ вести „Мундо Депортиво“: Баерн има само една мета, а тоа е – Иван Ракитиќ!

„Мундо Депортиво“: Баерн има само една мета, а тоа е – Иван Ракитиќ!

Иван Ракитиќ е единствената мета на Баерн Минхен! Ваква вест се појави утрово во реномираниот шпански весник „Мундо Депортиво“.

Каталонскиот весник тврди дека Ракитиќ засега е единствена желба на Нико Ковач и дека во последните два дена интересот и тоа како зголемил. Овој потег на тренерот на Баерн има смисла бидејќи клубот неоадмна го напушти Артуро Видал кој замина токму во Барселона, но и поради потенцијалниот трансфер на Тиаго Алкантара во Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германците сумата која би ја добиле за Алкантара би ја искористиле за купување на 30 годишниот играч за врска и сонародник на стратегот на Баерн.

Ракитиќ неодамна порача дека не сака да ја напушти Барселона, но во Германија се надеваат дека Нико Ковач е човекот кој може да направи разлика и да го убеди Ракитиќ да ја промени одлуката.

Во Барселона имаат јасен став, Ракитиќ не е на продажба, но доколку Баерн е спремен да ја активира клазулата од 125 милиони евра во неговиот договор, тогаш Барса ништо нема да се прашува.

Сепак, тоа би значело дека Баерн би ги прекршил сите правила во клубот, бидејќи познато е дека баварскиот гигант не сака да издвојува астрономски суми, па купувањето на играч кој има 30 години за 125 милиони евра би претставувал вистински клупски преседан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…