Дома Трансфер зона ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Бонучи во Јувентус, Игуаин и Калдара во Милан, Реал се откажа од Азар

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Бонучи во Јувентус, Игуаин и Калдара во Милан, Реал се откажа од Азар

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тука може да се потсетите што се случуваше на трансфер пазарот во вчерашниот ден!

-Главна тема на Апенините, а и во цела Европа е трампата помеѓу Милан и Јувентус. Последните информации говорат дека е постигнат начелен договор така што Бонучи ќе се пресели во Јувентус, за возврат Милан ќе го добие Калдара, но и Игуаин со посебна формула (ОВДЕ).

– Иако Еден Азар важеше за примарна трансфер цел на Реал Мадрид, сепак последните информации од Шпанија говорат дека „кралевите“ се отлажале од Белгиецот (ОВДЕ).

-Интер ги заврши сите детали од трансферот на Шиме Врсаљко и сега се насочува кон Артуро Видал. Како алтернатива на Чилеанецот „нероаѕурите“ гледаат во Тиму Бакајоко од Челзи.

Мурињо е спремен да се ослободи од Маркос Рохо и Матео Дармијан за да донесе еден врвен дефанзивец на „Олд Трафорд“ (ОВДЕ).

– ПСЖ го стави Анхел ди Марија на трансфер листа и бара 30 милиони евра за потписот на Аргентинецот (ОВДЕ).

– Милан е сериозно заинтересиран за Бернард. Бразилецот е слободен агент откако му заврши договорот со Шахтјор, а „росонерите“ му нудат 4-годишен договор и плата од 3 милиони евра по сезона.

-Турските медиуми пренесуваат дека Галатасарај и Милан постигнале договор за трансфер на напаѓачот Андре Сила. Станува збор за едногодишна позајмица со право на откуп, но се уште нема потврда од италијанските медиуми.

– Бенфика одби понуда од Лион тешка 30 милиони евра за Рубен Дијас. Клубот од Лисабон бара 45 милиони евра за својата ѕвезда.

– Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Пепе е блиску до трансфер во Премиер лигата (ОВДЕ).

– Челзи има намера да го задржи Алваро Мората и нема да испраќа понуда за Гонзало Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…