Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал спрема понуда за Кавани, Милан и Ливерпул сакаат Бразилец од 50 милиони, Видал наскоро во Милано

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал спрема понуда за Кавани, Милан и Ливерпул сакаат Бразилец од 50 милиони, Видал наскоро во Милано

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Вчера потврди спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота, а денес потврда стигна и од другата страна. Спортскиот директор на Милан, Леонардо, потврди дека  Бонучи сака да се врати во Јувентус. (ОВДЕ)

– Она што беше најавено пред неколку денес доби и официјална потврда. Јувентус го купи 16 годишниот фудбалер на Барселона, Пабло Морено. (ОВДЕ)

– Поранешниот претседател на Фламенго, а денес новинар, Клебер Леите тврди дека Милан е спремен да плати 50 милиони евра за 20 годишниот бразилски напаѓач, Лукас Пакета. (ОВДЕ)

– Барселона го претстави Малком, а она што привлече внимение е неговата откупна клазула која изнесува 180 милиони евра (не е сума која во денешниот фудбал не може да се плато). (ОВДЕ)

– „Кориере дело Спорт“ најавува останување на Миралем Пјаниќ и нов договор за одличниот играч за врска. Наводно Јувентус не попушта и бара 100 милиони евра за неговите услуги, па Барселона, Челзи и Манчестер Сити кои беа најзаинтересирани не се спремни да ја платат бараната сума. (ОВДЕ)

– Само што се појави веста дека Милан го сака Пакета, во медиумите излезе информација дека и Ливерпул го следи истиот фудбалер, што значи дека не очекува европска трка за неговиот потпис. (ОВДЕ)

– Сампдорија го доведе на позајмица, Дефрел од Рома.

– Вердер Брмен стигна до потписот на сега веќе поранешниот фудбалер на Евертон, Деви Класен.

– Шпански „АС“ пишува дека Реал Мадрид би можел да испрати понуда од 100 милиони евра за услугите на Едисон Кавани.

– Евертон наводно подготвува понуда од 27 милиони фунти (30 милиони евра) за услугите на стоперот на Барселона, Јери Мина.

– Мурињо бара засилувања во одбраната и во нападот, но за да ги доведе ќе треба клубот добро да се потроши (ОВДЕ)

– Каталонски „Спорт“: Барселона отворила преговори со Валенсија за доведување на Дани Парехо.

Шиме Врсаљлјко се очекува во вторник да пристигне на медицински прегледи во Интер.

– Според последните информации и Видал е многу блиску до трансфер во Интер. Медиумите најавуваат дека договор е постигнат, како и дека неговиот агент завршува само уште дел од формалностите по што се очекува трансферот на Чилеанецот да биде и потврден.

– Србинот Лазар Марковиќ ги договорил личните услови со грчки Олимпијакос.

Петар Чех потврди дека нема намера да го напушти Арсенал. Сака да остане и да се бори за место во тимот. (ОВДЕ)

– Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор на „росонерите“, Леонардо работи на трансферот на Бразилецот, Бернард. (ОВДЕ)

– БОМБА НА ОСТРОВОТ: Според дел од медиумите во Англија, тимот на Челзи ја прифатил понудата од Манчестер Јунајтед во износ од 75 милиони евра за Бразилецот Вилијан. (ОВДЕ)

– Во случај на заминување на Куртоа, Пикфорд би бил прва мета на Челзи, пренесува „Скај Спорт“.

– Oфицијално: Александар Головин е нов фудбалер на Монако (ОВДЕ)

– Француски Бордо покажува интерес за македонскиот фудбалер од редовите на Динамо Загреб, Аријан Адеми (ОВДЕ)

– По најавите дека Јувентус му спрема нов договор, за својата иднина зборуваше и самиот Пјаниќ (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…