Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Ешли Кол се врати на Островот, потпис и во Манчестер Јунајтед!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Ешли Кол се врати на Островот, потпис и во Манчестер Јунајтед!

Со Спортски и денес следете се што се случува на трансфер пазарот – БИДЕТЕ ВО ТЕК!

-Тука може да се потсетите што се случуваше вчера на трансфер пазарот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Вест на денот е секако трансферот на Кевин Принц Боатенг во Барселона. Се е договорено, играчот ќе пристигне на 6-месечна позајмица со право на откуп (ОВДЕ).

-Челзи и Атлетико Мадрид постугнаа комплетен договор – Алваро Мората наскоро и официјално ќе биде играч на „јорганџиите“.

-Реал Мадрид покажува силен интерес за ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва. „Кралевите“ спремија понуда од 70 милиони фунти (ОВДЕ).

-Атлетико му ја отвори излезната врата на Желсон Мартинс. За Португалецот интерес покажуваат Арсенал, Милан и Монако (ОВДЕ).

-Тотенхем бара засилување во нападот и размислува за „шокантен“ трансфер на Енди Керол од Вест Хем (ОВДЕ).

Матео Дармијан е блиску до трансфер во Јувентус. Италијанецот ќе пристигне на позајмица од Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, со право на откуп за 8 милиони евра (ОВДЕ).

-ГОТОВО: Реал Мадрид го договори трансферот на Милитао од Порто за 50 милиони евра (ОВДЕ).

-Играчот на Челзи, Виктор Мозес е блиску до трансфер во Фенербахче. Позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп.

-Џенова потврди дека во следните 48 часа треба да биде комплетиран трансферот на Пијатек во Милан. Тоа значи дека „росонерите“ ќе му дадат зелено светло на Игуаин за преселба во Челзи.

-Сопругата и менаџер на Мауро Икарди, Ванда Нара, потврди дека напаѓачот сигурно ќе го продолжи договорот со Интер (ОВДЕ).

– Во медиумите се појавија гласини дека Челзи би можел да тргне по Фелипе Кутињо (ОВДЕ)

– Фулам постигна договор со Челзи за ангажман на Гери Кејхил, но искусниот стопер одби да се пресели на „Кревен Котиџ“.

– Парма не се откажува од обидот да го ангажира искусниот Алесандро Матри до крајот на сезоната како позајмен фудбалер.

– Ветеранот Глен Џонсон кој од лето беше слободе фудбалер сега и официјално објави крај на кариерата.

– Тимот на Арсенал наводно започнал преговори со Реал Мадрид за ангажман на Хамес Родригез (ОВДЕ)

Бранислав Ивановиќ на 35 години добил понуда да стане втор најплатен Србин, веднаш зад Немања Матиќ. Неименуван клуб од Саудиска Арабија на Ивановиќ му понудил сума помеѓу шест и осум милиони евра по сезона.

– ДОГОВОРЕНО: Диего Симеоне се согласил да потпише нов договор со Атлетико Мадрид! (ОВДЕ)

– На Островот се пишува дека младиот Хадсон Одои одбил понуда од Челзи според која би заработувал 85.000 фунти неделно за договор на четири години. Младиот фудбалер така би си обезбедил заработка од 35 милиони фунти за четири години, но негова желба е трансфер во Баерн Минхен. (ОВДЕ)

– Oфицијално: Скот Мектомини потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед.

– Зенит и Лацио се блиску до договор за трансфер на Милан Бадељ во Санк Петерѕбург. Бадељ во рускиот тим би требало да биде замена за Леонардо Пардес кој би требало да се пресели во Челзи.

– OФИЦИЈАЛНО: Ешли Кол се потпиша со Дерби Каунти!

„Калчомеркато“: Илија Несторовски може да биде заменат за Боатенг во Сасуоло! (ОВДЕ)

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…