Дома Фудбал Дармијан пред потпис со Јувентус

Дармијан пред потпис со Јувентус

Италијанскиот дефанзивец Матео Дармијан ќе ги напушти редовите на Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во италијански Јувентус.

Според ителијанските медиуми, Јувентус и Јунајтед договориле позајмица на 29-годишниот бек до крајот на сезоната, а за таа услуга Црвените ѓаволи ќе инкасираат три милиони евра.

Исто така, Бјанконерите ќе имаат можност за откуп на договорот, а тоа ќе ги чини дополнителни осум милиони.

Тренерот на Јуве, Макс Алегри на прес конференција призна дека еден трансфер е блиску до реализација, и дека Јуве му ја отворил излезната врата на Спиназола.

„Спиназола ќе замине, но само ако успееме да најдеме негова замена.“ – изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чолаковски ја отвори гол-сметката, Перт ја прекина серијата порази со 4-0

Стефан Чолаковски погоди во убедливиот триумф над Аделаида Јунајтед, со кој Перт Глори сти…