Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса со конечна понуда за Вилијан, Интер го сака Ерера, Игуаин му кажа ДА на Милан

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса со конечна понуда за Вилијан, Интер го сака Ерера, Игуаин му кажа ДА на Милан

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Продолжува сагата околу Антони Марсијал. Мурињо не сака да се откаже од напаѓачот, но Челзи и Баерн Минхен спремнаат понуди (ОВДЕ).

– Свикан е итен состанок во Челзи поради понудата на Барселона за Вилијан. Шпанските медиуми се оптимисти дека понудата ќе биде прифатена (ОВДЕ).

– Интер најде поефитино решение од Артуро Видал и се насочува кон ангажман на Хекор Ерера од Порто.


– Евертон испрати официјална понуда за дефанзивецот на Барселона, Јери Мина (ОВДЕ).

Жоао Мутињо го напушта Монако и се сели во Премиер лигата. Вулверхемптон го обезбеди неговиот потпис за 5 милиони фунти (ОВДЕ).

– Готово: Рома го договори трансферот на Робин Олсен од Копенхаген кој ќе биде замена за Алисон. Голманот одигра одлично Светско првенство со шведскста репрезентација (ОВДЕ).

– Новиот директор на Милан, Леонардо ќе се обиде да го убеди Бонучи да остане на „Сан Сиро“. Во случај да замине „росонерите“ ќе се насочат кон ангажман на Тиаго Силва.

– Трансферот на Аксел Витсел во Борусија Дортмунд е пред реализиација. „Милионерите“ ќе платат 20 милиони евра на кинескиот Тијанжин.

– Весникот „АС“ ги откри плановите на Реал Мадрид за трансфер пазарот ова лето (ОВДЕ).

Милан Бадељ ги одби сите понуди и сака да потпише за Милан. „Росонерите“ во него гледаат идеална замена за Монтолово, кој е на излезна врата од „Сан Сиро“.

– Милан и официјално ја започна операцијата Игуаин. Новиот директор Леонардо веќе имал разговор со раководството на Јувентус. Се уште нема испратено официјална понуда, но играчот дал зелено светло за трансфер во Милано.

– Официјално: Напаѓачот Бас Дост на Спортинг Лисабон потпиша нов договор со португалскиот клуб на три години

– Официјално: Реал Мадрид го претстави новиот млад голман, Андреј Лунин.

Пепе Реина иако само што пристигна во Милан би можел да замине во Челзи! (ОВДЕ)

– Борусија Дортмунд би можела да го ангажира Белгиецот Аксел Витсел 

– Според последните информации од Островот, тимот на Челзи му нуди нов договор на Еден Азар со плата од огромни 336.000 фунти неделно (ОВДЕ)

Килијан Мбапе потврди дека го убедувал соиграчот од репрезентацијата, Нголо Канте да му се придружи во ПСЖ (ОВДЕ)

– Шпанска „Марка“ пишува дека Пол Погба навистина има желба да се врати во Јувентус, како и дека му соопштил на својот агент, Мино Раиола тоа да им го пренесе на двата клуба. (ОВДЕ)

Џанлука Ди Марцио, тврди дека се е завршено: Малком е нов играч на Рома за сума од 36 милиони евра плус бонуси. (ОВДЕ)

– Бордо го потврди трансферот на Бразилецот, Малком во Рома (OВДЕ)

– Официјално: Голманот Антонио Адан го комплетираше трансферот од Реал Бетис во Атлетико Мадрид

– Скај Спорт: Челзи ја одби и последната понуда за Вилијан!

– ГО ИМАМЕ ПРЕСВРТОТ НА ЛЕТОТО: Трансферот на Малком е стопиран во „5 до 12“, понуда испратила и Барселона! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѓоковиќ ја објасни разделбата со Иванишевиќ: Не знам дали ќе имам нов тренер

Новак Ѓоковиќ во Белград зборуваше за разделбата со Горан Иванишевиќ и истакна дека помеѓу…