Дома Трансфер зона Трансферите на Лукаку надминаа 300 милиони евра

Трансферите на Лукаку надминаа 300 милиони евра

Наполи го договори трансферот на Ромелу Лукаку од Челзи за 30 милиони евра, кои со бонуси можат да достигнат до 45 милиони евра.

Со овој трансфер вкупната вредност на целокупното обештетување платено за Лукаку во текот на неговата кариера достигнува импресивни 369 милиони евра. За споредба, вкупно 247 милиони евра се уплатени за трансферите на Кристијано Роналдо, кој е осум години постар од Лукаку.



Список на трансфери и позајмици на Лукаку:

2011: Трансфер од Андерлехт во Челзи за 15 милиони евра.

2013: Позајмица од Челзи во Евертон за 3,5 милиони евра.

2014: Трансфер од Челзи во Евертон за 35,36 милиони евра.

2017: Трансфер од Евертон во Манчестер Јунајтед за 84,7 милиони евра.

2019: Трансфер од Јунајтед во Интер за 74 милиони евра.

2021: Враќање од Интер во Челзи со отштета од 113 милиони евра.

2022: Позајмица од Челзи во Интер за 7,86 милиони евра.

2023: Позајмица од Челзи во Рома за 5,8 милиони евра.

2024: Планиран трансфер од Челзи во Наполи за 30 милиони евра.

Со ова Лукаку се наметна како еден од фудбалерите чии трансфери вредат најмногу пари во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона ќе го искористи Де Јонг да дојде до еден од најдобрите шпански фудбалери?

Eкипата на Барселона подолго време се обидува да се ослободи од Холанѓанецот, Френки Де Јо…