Утрово ни пристигнува тажна вест од светот на спортот, неочекувано на 42-годишна возраст почина момчето на втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка.
Константин Колцов беше тренер во хокеарскио клуб Салават Јулаев кој ја потврди трагичната вест.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Длабоко сме потресени од веста за смртта на Константин Колцов. Беше силен човек кој го сака и респектираа сите, колегите, играчите и навивачите. Засекогаш ќе остане запишан во историјата на нашиот клуб. Во мислите сме со неговото семејство и пријателите“, стои во клупското соопштение.
Пред само шест дена тој присуствуваше на трибините во осминафиналето на Индијан Велс каде што Сабаленка беше поразена од Ема Наваро. Парот беше во врска во последните две ипол години.