МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД му забрани на Џејдон Санчо да влезе во сите клупски простории што ги користи првиот тим на клубот, вклучително и во мензата каде што тимот јаде.
Тоа е нов удар за 23-годишниот англиски репрезентативец, кој е во конфликт со тренерот Ерик тен Хаг.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Јунајтед пред две години го донесе Санчо во трансфер вреден 85 милиони евра и го врза на договор до летото 2026 година.
Тој требаше да биде долгорочното клупско решение на левата крилна позиција, но денеска е само во позиција на промашена ѕвезда која тренира со играчи од клупската академија.
Се започна откако ги искористил социјалните мрежи за да го обвини Тен Хаг дека лажел кога го прозвал затоа што не вложил напор на тренинзите.
Потоа, Санчо ја раскажа својата страна од приказната, велејќи дека неговата работа на тренинзите од првиот ден е соодветна и задоволителна и дека Тен Хаг го прави жртвено јагне.
Англиските медиуми тврдат дека извинување ќе му го подобри статусот, но иако го избриша твитот на кој се спротивстави на Тен Хаг, тој не се извини и неговата ситуација продолжи да се влошува. Дури и тренерот на Јунајтед неодамна изјави дека не е сигурен дали Санчо некогаш повторно ќе заигра за својот тим.
Да потсетиме, Санчо пристигна во Јунајтед пред две години од Борусија Дортмунд. Англискиот гигант тогаш му плати 85 милиони евра. Оттогаш има 82 настапи за првиот тим во сите натпреварувања и има постигнато 12 гола и шест асистенции.