Во фудбалскиот свет има криза на стопери, па затоа фудбалери како Ван Дијк, Лапорте или Бонучи чинат цело богатство. Оваа сезона ново име ја импресиониаше фудбалска Европа – Клемент Ленгле.
Овој 22-годишни француски стопер игра фантастична сезона во Севиља, а пред неколку дена на „Олд Трафорд“ ја одбрани „дипломската“ чувајќи го корпулентниот Ромелу Лукаку.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Севиља ефтино го плати Ленгле од Нанси, но би можела и ефтино да го загуби, бидејќи дефанзивецот во својот договор има откупна клаузула од 30 милиони евра.
Со оглед на фактот дека стоперите моментално се најмногу на цена, оваа сума е „смешна“ за европските гиганти кои веќе будно ги следат настапите на Ленгле.
Шпанските медиуми пренесуваат дека силен интерес за Ленгле покажуваат Реал Мадрид и Барселона, но и големите клубови од Премиер лигата.
„Војната“ за неговиот потпис веќе започна, а кој ќе биде победник ќе видеме во летниот преоден рок.