Дома Актуелно Тој е еден од најголемите таленти во Бундеслигата и Ливерпул сака да го доведе

Тој е еден од најголемите таленти во Бундеслигата и Ливерпул сака да го доведе

Стретегот на Ливерпул покажа интерес за еден од најталентираните германски фудбалери.

Како што се наближува зимскиот преоден рок така во медиумите се појавуваат се повеќе шпекулации за евентуалните засилувања на најголемите европски клубови.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Имено, според пишувањето на медиумите на островот Јирген Клоп покажал голем интерес за 18 годишниот фудбалер на Баер Леверкузен, Кај Хаврец.

Овој млад фудбалер и покрај тоа што има само 18 години стана еден од клучните фудбалери на „Аптекарите“ во новата сезона.

Минатата сезона како 17 годишник успеа да запише 14 настапи, а оваа сезона на осум настапи запиша и три асистенции.

Хаврец стави потпис на договор на пет години со тимот на Леверкузен, но „Мирор“ пренесува дека тој ги посетил просториите на славниот англиски клуб во октомври, па поради тоа се повеќе се шпекулира за негово преминување на „Енфилд“.

Хаверц во текот на посетата наводно се сретнал со Клоп, Кутињо и Џерард. Дали има вистина во овие информации веројатно ќе дознаеме во јануарскиот преоден рок кој е пред нас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…