Франческо Тоти и порача на Барселона дека ќе мора добро да се помачи за да ја исфрли Рома од Лигата на шампионите.
„Волчицата“ немаше среќа на ждребот и за противник во ¼ финалето ја доби Барселона, но Тоти порача дека неговата екипа има свои адути и дека мора да се победат најдобрите доколку го посакуваат трофејот во Лигата на шампионите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Среќен сум што сме помеѓу најдобрите тимови во Европа. Во оваа фаза секој противник е тежок. Знаеме дека Барселона е еден од најдобрите клубови во Европа, но знаеме и дека можеме да одиграме добро“, изјави Тоти и продолжи:
„На хартија Севиља и Ливрепул беа најдобрите противници за нас, но на теренот сето тоа изгледа поинаку. Сакаме да ја играме својата игра и да покажеме дека можеме да играме против Барселона. Сите очекуваат да бидеме елиминирани, но Рома е голем тим и ќе го покаже тоа“.
„Доколку сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите мораме да играме против најдобрите и да ги победиме“, заврши легендата на Рома.