Дома Фудбал Италија Тоти до Дел Пиеро: Зарем мислиш дека навистина би го однел син ми во Лацио?

Тоти до Дел Пиеро: Зарем мислиш дека навистина би го однел син ми во Лацио?

Франческо Тоти, легендата на италијанскиот фудбал и Рома на Инстаграм во живо зборуваше со уште една италијанска легенда, Алесандро Дел Пиеро.

Пред неколку години Тоти изјави дека не би застанал на патот на својот син ако сака да игра за Лацио, но сега го променил мислењето. Се обиде да објасни што точно мислел, а откри како неговиот син би реагирал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Му кажав дека би одговорил на повик ако ме бара некој од Милан, Лацио или Јувентус. Секако тоа не значи дека би прифатил. Кристијан е како и јас, тој би им кажал „не“. Не сум идиот да го одведам Кристијан во Лацио. Зарем навистина мислиш дека тоа би го направил?“, му се обрати Тоти на Дел Пиеро.

Тоти целата своја кариера ја помина во Рома, а од клубот си замина поради несогласување со раководството.

„Додека ситуацијата е ваква нема да станам во Тригорио. Секогаш кога ќе го однесам својот син на тренинг останувам пред вратата, некогаш седам и во автомобилот се борам да не заплачам. После 30 години не можам да стапнам тука. Заминав и тоа е тоа. Секако, зад тие врати имам уште пријатели“, раскажа Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси сака да се раздели со уште десетина играчи до затворањето на прозорецот

Челси веќе продаде речиси цел тим за вкупна сума над 200 милиони фунти, но клубот ќе напра…