Англиските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Тотенхем следното лето ќе биде крилниот напаѓач на Кристал Палас, Волфред Заха.
Заха игра во животна форма и го привлече вниманието на сите големи клубови од Премиер лигата, а Тотенхем е спремен да ја победи конкуренцијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Спарси“ наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да понудат 50 милиони фунти за неговиот потпис.
Заха во 2013 година пристигна во Манчестер Јунатед како еден од најголемите англиски таленти, но не се снајде на „Олд Трафорд“ и беше испратен на позајмива во Кристал Палас.
Кристал Палас во 2015 година го откупи неговиот договор, а Заха оваа сезона блеска во Премиер лигата.
Tottenham are planning a new £50m move for Crystal Palace forward Wilfried Zaha this summer. (Source: The Times) pic.twitter.com/vG4FXCjlXV
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 20, 2018