Дома Трансфер зона Тотенхем спреми понуда за Депај

Тотенхем спреми понуда за Депај

Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона ова лето бидејќи е ставен на трансфер листа.

Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра и му порачал да си бара нов клуб.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Притоа, клубот има финансиски проблеми, па сака да го продаде Холанѓанецот, а најсилен интерес за него покажува Тотенхем.

„Спарси“ го договорија трансферот на Ленгле, па сакаат да го доведат и Депај и се спремни да понудат 17 милиони фунти за 28-годишниот напаѓач.

Тотенхем е исклучително активен на трансфер пазарот и веќе ги донесе Перишиќ, Ричарлисон, Бусуфа и Ленгле, а Депај најверојатно ќе биде следниот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…