Дома Фудбал Англија Тотенхем си игра со Лигата на шампионите, Вест Хем се радуваше во градското дерби (ВИДЕО)

Тотенхем си игра со Лигата на шампионите, Вест Хем се радуваше во градското дерби (ВИДЕО)

Со натпреварот помеѓу лондонските ривали, Тотенхем и Вест Хем отворено беше 36-тото коло од англиската Премиер лигата. Вест Хем на крајот беше поуспешен победувајќи со резултат 0:1.

Првото полувреме на стадионот на Тотенхем не донесе скоро ништо. Тотенхем имаше неколку опасни акции, се обидуваа Сон, Лукас Моура и Ериксен, но немаше преголема опасност за Фабијански.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ниту второто полувреме не донесе премногу возбудувања, иако и едните и другите изгледаа нешто повеќе растрчани.

Нападите на лондонските ривали во главно завршуваа без адекватна завршница, н отогаш во 67-та минута Вест Хем стигна до водство.
Арнаутовиќ нафрли, Антонио ја прими топката и ја погоди мрежата за 0:1.

После голот за водство „чеканите“ продолжија да се закануваат преку контри, Антонио во 81-та минута имаше прилика да постигне втор гол, но Лорис неговиот удар го одбрани. Шанса да ги реши сите дилеми пропушти и Иса Диоп.

Тотенхем беше блиску да ги казни промашувањата и да стигне до бод, но Балбуена во последните минути ја извади топката од гол линијата и го спаси својот тим.

До крајот остана 0:1 и Вест Хем однесе победа на градскиот ривал.

Вест Хем со новите три бода има вкупно 46 и се наоѓа на 11-тата позиција. Тотенхем остана трети со 70 и сега има три бода повеќе од Челзи на четвртото, четири повеќе од петопласираниот Арсенал и шест повеќе од Манчестер Јунајтед.

Меѓутоа, Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед (екипите кои се борат за место во топ 4) имаат натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ако Гвардиола го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната, по него веднаш заминува и големата ѕвезда

Еден од оние кои први би размислил за својата иднина е норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Н…