Дома Фудбал Англија Тотенхем рутински против Хадершфилд (Видео)

Тотенхем рутински против Хадершфилд (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем победија на гости кај Хадешфилд со 4:0 во средбата од 7. коло од англиската Премиер лига.

Спарси лесно стигнаа до нова победа, а три погодоци постигнаа во периодот од 9. до 23. минута од мечот.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Водство на стартот донесе Кејн. И побегна на одбраната на домашниот тим и лесно погоди за предност од 0:1.

Седум минути подоцна беше постигнат нов гол во мрежата на домашните. Убава акција која ја заврши Дејвис за предност од 0:2.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 23. минута. Прекрасен погодок постигна Кејн за убедлива предност од 0:3.

Тимот на Покетино потоа се повлече. Чекаа шанси од контра, додека Хадершфилд не можеше ништо да направи во нападот.

Победата и конечниот резултат беа познати по судиското надополнување, кога Сисоко погоди за 0:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јунајтед веќе договори две засилувања, а ова е буџетот за трансфери во Манчестер

Сер Џим Ретклиф не важи за човек кој троши многу, веројатно затоа и е богат, но ова лето н…