Тотенхем испрати понуда од 25 милиони фунти за играчот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, пренесуваат медиумите на Островот.
22-годишниот Англичанец веќе подолго време се поврзува со „спарси“, кои решија да преземат конкрентни чекор за негов ангажман само ден пред затворањето на преодниот рок.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Грилиш беше во стартниот состав во првото коло од Чемпионшип против Хал Сити и одигра фантастично.
На почетокот на преодниот рок Тотенхем испрати прва понуда за Грилиш од 15 милиони фунти, која Астон Вила експресно ја одби. Медиумите на Островот се оптимисти дека трансферот ќе се реализира до затворањето на преодниот рок.