Италијанските медиуми пренесуваат дека Тотенхем е спремен да му понуди трампа на Милан во зимскиот преоден рок.




Франк Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Силен интерес за Кеси покажува Тотенхем, бидејќи играчот е голема желба на Антонио Конте, кој сака да го доведе уште во јануари.




Имено, „Спарси“ се спремни да понудат трампа помеѓу Кеси и Ндомбеле, па се чека одговор од „росонерите“.
Милан не сака да се раздели со Кеси на средина од сезоната, бидејќи играчот е исклучително важен во битката за Скудетото.