Италијанскиот 26-годишен голман на Емполи Гиљермо Викарио потпиша договор со Тотенхем.
Се најавуваше овој трансфер во претходниот период, а сега пристигна и официјална потврда. Викарио од Емполи се сели во Лондон и потпиша договор на пет години, за него ова ќе биде првпат да настапува надвор од Италија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Низ кариерата претходно бранеше само за италијански клубови: Удинезе, Венеција, Каљари и Перуџа.
Кон крајот на минатата година го доби и првиот повик во италијанската репрезентација, меѓутоа се уште нема деби настап. Тотенхем во минатата сезона заврши на осмото место на табелата во Премиер лигата што секако е далеку од очекувањата и амбициите на клубот.
We are delighted to announce the signing of Guglielmo Vicario!
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) June 27, 2023
Benvenuto, Guglielmo 🤍