Тотенхем и Интер се во интензивни преговори за трансфер на дефанзивецот Милан Скриниар, пренесуваат италијанските медиуми.
Првата понуда на „спарси“ експресно беше одбиена од страна на Интер, но Тотенхем не се откажува и спрми нова, побиогата понуда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Скај Италија“ пренесува дека новата понуда на Тотенхем ќе изнесува 40 милиони евра, со што ќе се доближи до бараната сума од 50 милиони евра.
Интер вчера негираше дека Скриниар ќе го напушти клубот, но Конте го остави дефанзивецот надвор од тимот бидејќи преговорите се во напредна фаза.