Дома Фудбал Италија Торино – Јувентус: Можат ли „биковите“ да ја запрат „старата дама“?

Торино – Јувентус: Можат ли „биковите“ да ја запрат „старата дама“?

Викендов во рамки на 11-то коло во Серија А, на програмата е Дербито Дела Моле. Торино е домаќин на Јувентус во градската пресметка која секогаш привлекува големо внимание во Италија.

Јуве не е убедлив во последно време

Јувентус има сериозен тест овој викенд и тоа во незгоден момент за нив. Битката за Торино, позната како Дербито Дела Моле, привлекува големо внимание во Италија, особено што доаѓа по онаа победа на Јувентус над Џенова со гол постигнат од пенал далеу после истекот на продолжението. Уште во Италија се говори за таа победа – Дали Јуве има помош од судиите?


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во секој случај, Јуве си тера според планот. Има бод повеќе од Интер кој сезонава се чини ќе им биде голем конкурент. А токму победата на Јуве над Интер пред неколку недели беше голема најава за она што ќе следи сезонава. Сепак, од тогаш тие се неубедливи, победувајќи ја Болоња тесно. Потоа требаше Пауло Дибала да ги спасува против Локомотив Москва. Следеше реми во Лече и оној сомнителе меч против Џенова. Едно нешто што веднаш паѓа во очи од овие пет натпревари последни за Јуве, е тоа што нивната одбрана прими гол на сите тие дуели.

Торино и Белоти во слаба форма

Јуве има пад во формата, но победува. Кога сме кај Торино тоа не е случај. Тие беа слаби во последните неколку недели, забележувајќи три порази и две ремија на последните пет натпревари во Серија А. Јуве прими голови на сите последни пет меча, но Торино пак од друга страна на последните четири натпревари постигна само еден гол. Загрижувачки се игрите на Белоти на последните три натпревари. Тој не влегува често во шанси за гол, а и кога има некаква можност не успева да реализира. Освен тоа на минатиот меч си постигна автогол во дебаклот кој го доживеа Торино во Рим против Лацио од 4:0.

По оваа серија негативни резултати Торино се најде на 13-то место, што во секој поглед е многу далеку од нивните амбиции кои беа излез во Европа следната сезона.

Коефициентот за победа на Јуве е премал

Се знае кој е фаворит на овој меч и во тоа нема никаква дилема. Но ова е голем дерби меч, големо градско дерби, а на таквите натпревари може да се случи се. Јуве не убедлив во последно време, а тоа е можеби некаква шанса за Торино, секако покрај предноста на домашен терен. Коефициентот за победа на Јуве е мал и изнесува околу 1.50 Според нас, таков коефициент за ваков натпревар не е вреден за ризикување. Доста примамливо изгледа коефициентот 2.00 за тоа дека двете екипи ќе постигнат гол.

Интересно е тоа што Торино само на два пати ја зачувал својата мрежа во последните 36 натпревари против Јувентус. Од таа гледна точка, прашање е само дали Торино ќе постигне гол. Реков дека Белоти не е во добра форма, но тој е крајно мотивиран кога игра против Јуве, а тоа е шансата за домаќинот.

Наш предлог:

Двете екипи да постигнат гол @ 2.00 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…