Дома Трансфер зона Торино потврди: Милан го сака Белоти!

Торино потврди: Милан го сака Белоти!

Спортскиот директор на Торино, Џанлука Петраки вчера имаше средба со раководството на Милан, а главна тема беше напаѓачот Андреа Белоти.

Белоти оваа сезона е најголема откритие во Серија А и се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, па за него силен интерес покажуваат голем број на европски гиганти.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Напаѓачот во својот договор има откупна клаузула од 100 милиони евра, а директорот на Торино потврди дека Милан покажал интерес кон Белоти.

„Да, имав средба со директорите на Милан. Ми кажаа дека Андреа Белоти е играч за кој се особено заинтересирани. Ако пристигне понуда од топ клуб кој има аспирации да освојува титули, Белоти би можел да замине. Во спротивно ќе остане со нас”, изјави Петраки.

„Милан е секако еден од најголемите клубови во светот, но во моментов не се бори за титулата. Не верувам дека клуб од Италија може да го купи Белоти. Неговата цена е превисока“, додаде директорот на „биковите“.

Навивачите на Милан веќе започнаа кампања на социјалните мрежи #BelottiMilan. Познато е дека овој фудбалер е голем фан на Милан и негов идол е Шевченко, па сигурно дека веднаш би прифатил преселба на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ ја купува ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на многу европски гиганти, а…