Дома Фудбал Торес и Рамос се простија од Радомир Антиќ: Шампион и легенда! Го направивте Атлетико поголем клуб!

Торес и Рамос се простија од Радомир Антиќ: Шампион и легенда! Го направивте Атлетико поголем клуб!

Радомир Антиќ, поранешниот тренер на Реал Мадрид, Атлетико и Барселона, почина во Мадрид на 71 година.

Антиќ во кариерата е единствениот тренер кој ги водел трите шпанси гиганти (Атлетико, Барса и Реал). Најголема трага остави во Атлетико со кој во 1996 година го освои првенството и купот на кралот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Помеѓу првите кои се простија од славниот тренер беше и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

„Го направивте Атлетико поголем клуб, го направивте нашето ривалство вечно. Последно збогум за единствниот тренер кој ги водеше Атлетико, Барса и Реал“, напиша капитенот на „кралевите“.

Од Антиќ се прости и Фернандо Торес.

„Не напушти Радомир Антиќ, човекот кој испишуваше историја. Шампионот и легенда, вечно ќе биде во нашите срце. Мое сочувство до семејството“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер може да го замени Зомер со италијански голман

Плановите на Интер за летниот трансфер период ги опфаќаат позициите на голманите. Јан Зоме…