Дома Фудбал Останато ТОП 5: Каква е ситуацијата, кој ќе игра помеѓу најдобрите наредната сезона?

ТОП 5: Каква е ситуацијата, кој ќе игра помеѓу најдобрите наредната сезона?

Борбата за пласман помеѓу најдобрите во најдобрите пет лиги влегува во завршницата, а во продолжение ви пренесуваме како стојат работите низ Европа.

Доколку ги погледнеме табелите на во второто по ранг натпреварување во Англија, Шпанија, Германија, Италија и Франција ќе видиме дека само еден клуб до сега го официјализирал својот пласман во повисок ранг, но има и такви кои се на чекор од истата цел.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Да започнеме од англиски Чемпиошип каде што Вулверхемптон на три кола пред крајот си обезбеди место во Премиер лигата. Трикратниот шампион на Англија се враќа во елитата после шест години.

До втората позиција која обезбедува директен пласман најбликсу е Кардиф, додека Фулам и Астон Вила се надеваат на шанса во завршницата.

Како што е познато еден клуб ќе обезбеди место преку плеј-офот.

Во шпанската Секунда ситуацијата е многу неизвесна. Лидер на табелата е Спортинг Хихон со ист број бодови (64) како и второпласираниот Рајо Ваљекано.

Од третата до шестата позиција се наоѓаат Хуеска, Кадиз, Нумансија и Реал Овиедо, а третото и шестото место го делат само три бода и може да се каже дека на седум кола пред крајот овие клубови имаат еднакви шанси да се изборат за директен влез во Примера.

Во германски Цвајт до крајот останаа само уште четири кола. Фортуна Дизелдроф ја држи лидерската позиција на табелата со два бода повеќе од второпласираниот Нирнберг. На директен влез во елитата може да се надева Холштајн од Кил кој заостанува два бода за Нирнберг и се наоѓа на третата позиција која обезбедува бараж со шеснаестопласираниот тим од Бундес лигата.

Кај Италијаните треба да се одиграат уште седум кола и поради тоа е неблагодарно да се даваат посериозни прогнози. Емполи многумина го гледаат во Серија А, тие се лидери со 70 бодови, еден повеќе од Фросиноне и Палермо каде што настапуваат нашите Александар Трајковски и Илија Несторовски.

Бидејќи разликата помеѓу второпласираниот Палермо и шестопласираната Перуџа е пет бодови може да се каже дека за директен пласман конкурираат Фросиноне, Парма, Бари и Перуџа.

Пласманот во француската Лига 1 наскоро може да го обезбеди Ремис кој има 11 бодови повеќе и натпревар помалку третопласираниот Ајачио на пет кола пред крајот.

За второто место ќе се борат Нимес и Ајачио. Еден од тие два клуба ќе оди директно во првата лига додека другиот ќе оди во бараж со осумнаесетиот од Лига 1. За место во баражот претендираат уѓте Лориент, Клермонт, Шантеау, Парис, Брест, Сошто и Ле Хавре. Од петата позција до 10-тата разликата е само пет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…