„Билд“ пишува дека ѕвездата на Баерн, Томас Милер е спремен да го напушти Минхен поради нарушениот однос со тренерот Нико Ковач.
Човекот кој цела кариера ја помина во Баерн и освои се што можеше да се освои не крие дека е разочаран од третманот кај тренерот Ковач и е спремен уште во јануари да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е сериозно заинтересиран да го донесе Германецот во своите редови како замена за повредениот Алексис Санчез.
Конте е во потрага по искусен напаѓач и смета дека Милер иделано би се вклопил во неговиот стил на игра.
Директорот Марота наводно ги контактирал агентите на Германецот кои дале зелено светло двата клуба да ги започнат преговорите.
Reports in Germany claim #Inter are eyeing a January swoop for #FCBayern forward Thomas Muller https://t.co/BRlhgh2D7v #FCIM #FCB #MUFC pic.twitter.com/vFYgfHMiRC
— footballitalia (@footballitalia) October 24, 2019