Авантурата на Хамес Родригез во Катар изгледа брзо ќе заврши.
Медиумите од Јужна Америка пренесуваат дека Родригез има нов клуб и ќе се врати во Премиер лигата. Колумбиецот поради повреда е без настап за Ал Рајан уште од 5. март, тоа се официјалните информации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа во медиумите се шпекулира дека Родригез намерно не сака да игра за да го напушти Катар и да се врати во Европа. Сега се појавија најави дека оваа негова желба може брзо да се оствари.
Застапниците на офанзивниот играч за врска се погрижиле да ја исполнат неговата желба и наводно од наредната сезона би можел да го носи дресот на Вест Хем. Клубот од Лондон поминува низ одличен период, финансиски е силен и стабилен, па може да ги исполни барањата на 30-годишнито фудбалер кој во Премиер лигата претходно го носеше дресот на Евертон.
Интерес за Родригез покажал и Ал Наср од Саудиска Арабија, но желбата на Родригез е да се врати во Европа. Во кариерата Родригез настапвуаше уште за Баерн, Реал, Монако…Во Европа за првпат стигна во 2010 година кога потпиша за Порто.