Бajката за напаѓачот ветеран кој беше доведен во Реал само затоа што клубот немаше време за вистински засилувања и кој потоа со серија голови донесе клучни бодови во борбата за Ла Лига и беше херој во големиот пресврт во полуфиналето против Баерн изгледа заврши.
Познатиот шпански медиум „Релево“ пишува дека Реал му соопштил на Хоселу дека би било паметно за него да бара нов клуб пред новата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не го бркаат од клубот, но го потсетија дека тимот значително ќе го засили нападот летово и дека за него најдобро би било да оди некаде каде што ќе игра“, се пишува во текстот.
Хоселу Луис Мато Санмартин (34) минатото лето дојде во Реал, клубот во кој беше јуниор, само затоа што Карим Бензема изненади со заминувањето во Арабија, а Флорентино Перез не сакаше да му ја исполни желбата на Карло Анчелоти и да го купи Хари Кејн.
Реал се одлучи да ја одигра сезоната со Хоселу и да го почека Мбапе кој треба да пристигне ова лето. Сега тоа време за Хоселу помина, а со Мбапе во тимот наредната сезона тешко дека би имал простор за игра. Останува да видиме во наредниот период во каква насока ќе се движи кариерата на напаѓачот кој сезонава постигна 16 гола за Реал и е трет стрелец во Ла Лига.