Дома Фудбал Тоа што Барса го направи вчера против Осасуна не и успеало никогаш претходно!

Тоа што Барса го направи вчера против Осасуна не и успеало никогаш претходно!

Фудбалерите на Барселона синоќа со пресврт со играч помалку славеа во Памплона против Осасуна со 2:1 во натпреварот од 14. коло на шпанската Примера и со тоа есенскиот дел од сезоната го завршија на лидерската позиција во Шпанија.

Барса на полувремето губеше со 1:0 и имаше играч помалку откако Роберт Левандовски беше исклучен во 31. минута поради втор жолт картон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, во продолжение избраниците на Чави конечно го покажаа шампионскиот карактер и со головите на Педри и Рафиња стигнаа до голема победа.

Барселона никогаш во својата историја не успеала да го сврти резултатот на гости со играч помалку во Ла Лига, никогаш се до вчера.

Последен пат вакво нешто беше видено во Примера во 2009 година. Тогаш Севиља беше во иста ситуација против Депортиво од Ла Коруња и победи со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси во необичен трансфер може да се врати во Европа, ќе игра само домашни натпревари?

Лионел Меси наводно дал зелено светло за сензационален трансфер во Галатасарај, кој може д…