Дома Актуелно Тоа им е специјалност: Јувентус продолжува да следи слободни агенти!

Тоа им е специјалност: Јувентус продолжува да следи слободни агенти!

Во последните години Јувентус стана специјалист за привлекување на слободни агенти.

Ова лето италијанскиот шампион го засилија Арон Рамзи и Адриен Рабио кои пристигнаа како слободни агенти без обештетување.

Јувентус сака да ја продолжи таквата пракса и веднаш после затворање на летниот преоден рок, почна да работи на ангажман на фудбалери кои следното лето ќе бидат слободни агенти.

„Старата дама“ внимателно ја следи ситуацијата со неколку фудбалери, пред се Кристиан Ериксен, на кого договорот со Тотенхем му устекува следното лето.

Меѓутоа, Данецот преферира преселба во Реал Мадрид или Барселона, па на „бјанконерите“ ќе им биде тежко да ја победат конкуренцијата.

На нивната листа се уште Вилијан и Педро од Челзи, како и младата ѕвезда на „сините“ Калум Ходсон Одој.

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата уште со Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед и Томас Муние од ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …