Златан Ибрахимовиќ прерасна во херој на Лос Анџелес Галакси уште во првиот натпревар на овој тим.
Лос Анџелес Галакси славеше во градското дерби против Лос Анџелес ФК, резултатот гласеше 4:3, а клучен човек беше – Златан Ибрахимовиќ!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ибрахимовиќ во игра влезе при резултат 1:3, постигна два гола (третиот и четвртиот) и на крајот стана вистински херој.
Првиот гол на Швеѓанецот беше навистина спектакуларен со удар од скоро половина терен, додека вториот го постигна во последните моменти од натпреварот.
По, ваквиот натпревар секако следуваше и изјава во негов стил.
„Слушнав дека го сакаа Златан, па им го дадов Златан“, кратко порача Ибра.